Хуан Мата е блиску до потпишување на нов договор со Манчестер Јунајтед откако разговорите помеѓу двете страни минатата недела биле позитивни.
Актуелниот договор на шпанскиот фудбалер со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната. Тој игра на „Олд Трафорд“ веќе пет години.
Во последниве недели, има сериозни шпекулации за неговата иднина. Информациите велат дека Мата може да се врати во Шпанија. За него е заинтересирана Барселона.
Сепак привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер инсистирал пред раководството на клубот да му биде предложен нов едногодишен договор на Мата.
Договорот ќе вклучува опција за продолжување до летото 2021 година.
Хуан Мата добива плата од 170 илјади фунти неделно, а се очекува во новиот договор финансиските параметри да не претрпат сериозни промени.
Желбата на шпанскиот фудбалер е да стави потпис под нов тригодишен договор со Манчестер Јунајтед.