Денис Суарез, кој беше привлечен на изнајмување од Барселона, се уште не е подготвен да одигра полни 90 минути за Арсенал, иако Шпанецот пристигна на „Емирати“ пред околу четири недели.
Такво е мислењето на менаџерот на „топџиите“, Унаи Емери.
– Тој работи секојдневно, ја подобрува состојбата и се запознава со тимот. Мојата филозофија е дека за секоја адаптација е потребно време. Постепено, малку по малку, неговата доверба ќе се зголемува, тој ќе ги запознае своите соиграчи за време на тренинзите, по што ќе започне да играат. За него сите минути, во кои може да ни помогне, се важни. Утре е уште една можност. Не мислам дека е во ред да игра 90 минути, бидејќи има потреба од ритам. Една опција е да започне, а другата е фа остане на клупата за почеток и потоа да ни помогне, рече Емери.
Запрашан што ќе се случи во мај, кога рокот за изнајмување на Денис Суарез ќе истече, Емери одговори: „За мене овој момент е премногу далеку. Секој натпревар, секоја недела може да промени многу работи во фудбалот“.