Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел, се надева дека напаѓачот Единсон Кавани ќе може да игра во натпреварот од 27. коло во Лига 1против Кан. Уругвајскиот фудбалер беше повреден на почетокот од овој месец.

-Кавани најпрво треба да разговара со докторот, но се надевам дека тој ќе може да игра против Кан в саботата.

Германскиот стручњак по победата во четвртфиналето од купот против Дижон (3:0) се осврна и на играта на Леандро Паредес.

-Паредес одигра добро во првото полувреме, како и целиот тим. Во втората половина на играта, тој се префрли во средината. Леандро е во состојба да дава прецизни топки. Неговата работа е да ја забрза играта. Во принцип, ми се допадна првото полувреме и ако зборуваме конкретно – како ја поседувавме топката и со каква брзина ние делувавме, истакна Тухел.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 10:37