Тренерот Сантијаго Солари нема да смета на услугите на Иско на реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија, против Барселона, објави „кралскиот клуб“ на својот твитер-профил.

Иско почна да тренира на почетокот на неделава, откако ја санира повредата на грбот, но тренерот одлучи да не го вклучи во составот за дуелот со големиот ривал.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона се игра вечер со почеток во 21 часот.

Првиот натпревар заврши со нерешен резултат 1:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 14:59