Баерн Минхен постигнал договор со големата ѕвезда на РБ Лајпциг, Тимо Вернер за трансфер во текот на летото на 2019-та, тврди „Билд“. Сепак, не постои договор на ниво клубови.
Според изданието, шефовите на баварците се договориле за личните услови на германскиот репрезентативец со неговиот агент Карлианц Форстер. Тој е добро познат на „Алијанц Арена“, откако помогна за трансферот на Никлас Зуле од Хофенхајм во Минхен во 2017-та.
– Шпекулации има многу, но јас не сакам да бидам вмешан, изјави Форстер по темата.
Договорот на Вернер со Лајпциг е до летото 2020-та, што јаотежнува ситуацијата за „црвените бикови“. Се очекува Вернер да откаже продолжување на договорот, што значи дека ако не биде продаден во текот на летото, година подоцна голгетерот може да си замине без трансферна сума.
Од клубот демантираа дека имаат понуда од Баерн, но самиот Вернер во декември навести дека неговата желба е да се пресели во овој тим.
– Кога играш за РБ Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, има само еден клуб, во кој може да преминеш, изјави напаѓачот.
Јавно со такви информации располагаат и во Борусија Дортмунд, бидејќи неодамна на прашање за интерес на тимот кон Вернер и Торган Азари, шефот Ханс-Јоаким Вацке одговори: „Имам впечаток дека еден од двајцата веќе решил за својата иднина. И таа не е поврзана со нас“.
Вернер е дел од Лајпциг од 2016 година, кога пристигна од Штутгарт. Во Источна Германија, 22-годишниот напаѓач се претвори во репрезентативец, а за 179 натпревари во Бундеслигата има 58 гола.
Во Баерн, тој би бил конкурент на Роберт Левандовски. Предноста му е дека може да игра и по крилата, како и зад напаѓачот.