Македонија Ѓорче Петров забележа минимална победа од 0:1 на гостувањето кај Беласица во Струмица во првиот дуели помеѓу двете екипи во полуфиналето од Купот на Македонија.
Едуардо Карваљо во 33-тата минута беше стрелецот на единствениот гол за гостите, со кој се на чекор од пласман во финалето.
Следната среда се игра втората полуфинална пресметка во Купот во Скопје, а почетокот е од 14 часот.