Нант ја испочитува заканата и поднесе жалба до ФИФА против Кардиф Сити заради одложеното плаќање по трансферот на трагично загинатиот Емилијано Сала.

Аргентинецот беше привлечен во велшкиот клуб на 19 јануари, а трансферот беше рекорден за Кардиф, но само два дена подоцна Сала загина откако авионот со кој патуваше, се урна над Ламанш.

Потоа од клубот од Премиер лигата одбија да ја пренесат првата од трите транши по трансферот, додека не заврши истрагата, која треба да ги открие причините за инцидентот. Од Нант се заканија дека ќе го изнесат случајот до ФИФА.

Минатата недела, двата клуба се согласија да го продолжат крајниот рок на плаќањето. Тој истече денес, но 5-те милиони фунти така и не беа пренесени. Поради оваа причина од Нант поднеле жалба до светската фудбалска централа.

Од ФИФА започнале истрага.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 19:30