Играчот од средниот ред на Челзи, Еден Азар коментираше за медиумите дека играчите на Челзи се зад Маурицио Сари.

– Ние сме тим, сите сме зад тренерот. Знам дека овој месец е комплексен, но треба да сме заедно, ако сакаме да постигнеме нешто оваа сезона. Навивачите сакаат да бидеме во топ 4, но ние сме Челзи и треба да победуваме во секој меч. Играме за Сари, за клубот, за навивачите и за самите себе“, изјави белгискиот репрезентативец.

Тој, исто така, го коментираше претстојниот натпревар против Тотенхем вечерва.

– Ќе биде тежок натпревар, но ние сме способни да ја намалиме разликата од Тотенхем. Имаме потенцијал, за да бидеме во топ 4, треба да сме постојани и да го освоиме секој нареден натпревар. Тоа е дерби, се надевам дека ќе победиме. Ако играме така како што можеме, како сака тренерот, се надевам дека ќе победиме, рече уште ѕвездата на „сините“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 19:57