Убедлив триумф со 3:0 оствари Барселона синоќа над Реал Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето на фудбалскиот Купот на Шпанија.

Мечот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид беше решен во второто полувреме откако првото заврши без голови. Домаќините не искористија неколку шанси за гол, по што следуваше казната.

Двоен стрелец за Каталонците беше Луис Суарез, а еднаш сопствената мрежа ја затресе Рафаел Варан.

На првиот меч во барселона беше 1:1, па со вкупни 4:1 избраниците на тренерот Валверде изборија финале.

Вториот финалист ќе биде одреден вечерва по одигрувањето на реваншот меѓу Валенсија и Бетис. На првиот натпревар во Севиља резултатот беше нерешен 2:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 17:07