Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, по победата (2:0) над Тотенхем во натпревар од 28. коло од првенството на Англија, рече дека Кепа Аризабала останува прв голман на тимот.

Шпанскиот чувар на мрежата на вчерашниот меч беше на клупата за резерви поради инцидентот во Лига купот со Манчестер сити кога одби да биде заменет пред крајот на продолженијата.

– Мислам дека замена на голманот беше вистинската одлука. Кепа направи сериозна грешка. Тој беше казнет пред клубот и требаше да биде казнет пред тимот. Од ова сите мора да извлечат поука. Не можам да гарантирам дека тој ќе биде во стартниот состав на следниот натпревар, но тој е се уште мојот главен голман. Не можам да го бркам. Младите се карактеризираат со грешки. Главната работа е дека треба да сфатите кога ќе погрешите. Отсега натаму, ова прашање за мене е е затворено, изјави Сари.

Италијанскиот стручњак се осврна и на шпекулациите за негова смена кои беа многу чести во изминатиот период.

– Работејќи како тренер постојано сте под притисок, и ако се појават проблеми само еднаш на секои шест месеци, тогаш сте навистина среќни. Ако изгубите две натпревари, тогаш притисокот е нормален. Можеби во Челзи, овој притисок е поизразен од било кое друго место, рече Сари.

„Сините“ од Лондон по 28 кола во Премиер лигата се наоѓаат на 6.место, но имаат и натпревар помалку по кој можат да напредуваат во пласманот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 17:36