Новиот тренер на Лестер, Брендан Роџерс, ќе добие од клубот 234 милиони евра за трансфери за следните три години, објавија британските медиуми.

Главната цел на Лестер останува напаѓачот на Борнмут, Калум Вилсон, чијшто ангажман може да го чини околу 40 милиони фунти.

Роџерс пред неколку дена потпиша договор со клубот до летото 2022 година. Тој во Лестер дојде од Селтик.

Пред 46-годишен ирски стручњак, Лестер беше предводен од Клод Пјуел, кој го напушти тимот на 24 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 18:26