Манчестер Јунајтед планира да купи три играчи во летниот трансфер прозорец, вели „ТалкСпорт“.

Според информации на британското издание, се работи за дефанзивецот на Наполи Калиду Кулибали, Иван Ракитиќ од редовите на Барселона, како и дефанзивецот Арон Ван-Бисака од Кристал Палас.

Се тврди дека Оле Гунар Солскјер ќе ја добие функцијата за постојано по фантастичните резултати на тимот, откако тој го презеде тимот, а тоа се тројцата играчи кои норвешкиот стратег сака да ги има во својот состав.

Сепак, сé уште не е јасно по која цена ќе ги добие тимот, но Наполи нема да го продаде Калиду за помалку од 100 милиони евра, додека Барса може да се раздели со репрезентативецот на Хрватска двојно помала сума.

Дваесет и едно-годишниот Ван-Бисака е проценет на 10 милиони евра, но во секој случај „орлите“ ќе бараат поголема сума за него, бидејќи нема клаузула за откуп во неговиот договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 19:53