Раководството на Челзи наскоро планира да ги продолжи преговорите со Еден Азар за продолжување на договорот. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ продолжува да верува дека ќе го задржи белгискиот репрезентативец, за кој е заинтересиран Реал Мадрид.

Актуелниот договор на Азар е до 30 јуни 2020 година. Претходно, Челзи се обиде да потпише нов договор со својата голема ѕвезда неколку пати, но доживеа неуспех. Последните разговори на оваа тема се одржаа во јануари.

Според различни извори, дали Азар ќе го зајакне Реал зависи од тоа колку реална е можноста на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигне Неимар. Токму поранешниот ас на Барселона е приоритет во плановите за трансфер на „кралскиот“ клуб.

Самиот Азар не крие дека сака д аигра Реал. Според неговите зборови, наскоро треба да објави дали ќе остане во Челзи или ќе замине по крајот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2019 09:49