Валенсија се пласираше во финалето на Кралскиот Куп и ќе игра против Барселона, откако го елиминираше Бетис во вториот полуфинален натпревар.

„Лилјаците“ победија дома со 1:0, што беше доволно за да се квалификуваат во мечот за трофејот по ремито 2:2 во Севиља.

Родриго Морено го истакна решавачкиот гол во 56-тата минута.

Тимот од Севиља имаше доста шанси кои сепак ги пропуштија, а на крајот побараа пенал, кој исто така не го добија. Голамнот на домаќинот Хауме Доменек, исто така, одигр многу силен дуел.

Во годината во која слави 100 годинипостоње, Валенсија ќе може да освои трофеј. За „лилјаците“ ова е 17-то финале во турнирот, откако имаат 7 трофеи. За последен пат тие триумфираа во 2008 и оттогаш не играле финале.

Битката за Купот е на 25-ти мај на „Бенито Виљамарин“ во Севиља.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2019 10:15