Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино беше апсолутно недвосмислен пред денешното дерби со Арсенал во Премиер лигата во однос што точно очекува да се види од клубот во наредните месеци. Аргентинецот инсистираше дека очекува значителни промени во начинот на кој клубот функционира, инаку постои веројатност да стави крај на престојот.

„Петлите“ се во серија од два последователни порази во првенството, откако загубија со 1:2 од Барнли и 0:2 од Челзи. Тоа ги оддалечи од врвот на табелата, откако лидерот Ливерпул веќе има предност од 9 поени. По поразот на „Стемфорд Бриџ“, Почетино отсече дека овој факт во пракса го вади неговиот тим од битката за титулата. Сега главната цел изгледа зачувување на третото место.

– Ако претседателот Даниел Леви ми каже за следната сезона, дека треба да освоиме трофеј, Лигата на Шампионите или Премиер лигата, тогаш ќе треба да си побара волшебник кој ќе го заврши сето ова, изјави Почетино.

Потсетуваме дека Тотенхем не оствари ниту еден трансфер, како пред почетокот на сезоната 2018/2019, така и во јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 13:46