Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се правдаше за своите дејствиа синоќа кон Лионел Меси.

Според аналитичарот на „Марка“, Андухар Оливер, Рамос требал да добие црвен картон.

– Меси беше лут, но немаше намера во моето дејствување. Немаше непочитување или лош гест, изјави дефанзивецот веднаш по синоќешниот дуел меѓу „белите“ и Барселона, кој заврши со победа на каталонците со 1:0.

Тој додаде дека титулата во Ла Лига се оддалечува од Реал, но тимот ќе се бори до крај.

– Сè е можно во фудбалот, рече уште Рамос и му лестита на противникот за извојуваната победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 14:37