Од Интер се подготвени да му понудат на Манчестер Јунајтед размена, која го вклучува Мауро Икарди, откако во замена тимот ќе побара да го привлече во своите редови Ромелу Лукаку, тврди Goal.com.

Аргентинецот влезе во конфликт како со соиграчите во миланскиот клуб, така и со тренерот и раководството, а причината за тоа е дрското однесување на неговата партнерка Ванда Нара, која е и негов агент и практично управува не само сo неговиот живот, но и со неговата кариера.

Поради оваа причина од клубот сакаат да се ослободат од проблематичниот Аргентинец и се подготвени да преговараат за неговата продажба, а „црвените ѓаволи“ веќе подолго време имаат интерес кон него.

Шефовите на Интер се подготвени да го испратат гаучосот во клубот од Манчестер, но го сакаат во замена Ромелу Лукаку, кој во последните натпревари игра импресивно за англискиот тим.

Сепак с уште не е јасно дали шефовите на Јунајтед, како и самиот Солскјер, ако остане на функцијата, ќе дадат зелено светло за оваа зделка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 15:02