Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 21. коло.

Лидерот и шампион Шкендија без поголеми проблеми забележа убедлива победа против Беласица, а прв триумф во вториот дел од сезоната оствари Вардар. Академија Пандев на домашен терен загуби од Шкупи и му го препушти второто место на „вардарци“.

Постигнати резултати: Академија Пандев – Шкупи 0:2 Победа – Работнички 0:1 Шкендија – Беласица 3:0 Силекс – Ренова 0:0 Вардар – Македонија ЃП 3:1.

Табела: Шкендија 47 бода, Вардар 38, Академија Пандев 36, Работнички 31, Шкупи 30, Ренова 26, Македонија ЃП 22, Силекс 21, Победа 18, Беласица 18.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 16:33