Норвежанецот Ханс Кристер Холунд е победник на маратон на Светското првенство во нордиски дисциплини во австрискиот Зефелд. Триесет годишниот Холунд патеката долга 50 километри ја мина за 1 час 49 минути 59,3 секунди.

Втор на целта стигна рускиот скијач Александар Болшунов со 27,8 секундихолун заостанување зад победникот.

Бронзата ја освои Шур Рете од Норвешка кој задоцни зад својот сонародник 57,8 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 03:15