Фабио Кваљарела со два постигнати гола ја предводеше Сампдорија до гостинска победа (2:1) над Спал, воедно се изедначи со Кристијано Роналдо од Јувентус на врвот на листата на стрелци во Серија А.

Двајцата досега имаа по 19 погодока.

Триесет и шест годишниот Кваљарела уште еднаш потврди дека се наоѓа во извонредна форма и дека заслужено доби повик во италијанската репрезентација.

Кваљарела стана втор играч во историјата на тимот на Џенова, кој постигна најмалку 19 гола две сезони по ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 03:29