Фулам се запиша во историјата на Премиер лигата по неславен резултат. Тоа е првата екипа која е поразена на сите 10 натпревари со градските ривали од Лондон во иста сезона.

Фулам попладнево загуби од Челзи со 2:1 во 29. Коло што е втор пораз од „сините“ сезонава.

Тимот од „Кревен Котиџ“ два пати загуби и од Кристал Палас, Арсенал, Тотенхем и Вест хем.

По 29 рунди во Премиер лигата, Фулам има 17 бода и е на 19 место. Првиот тим пред него што е надвор од зоната на испаѓање има 27 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 03:42