Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, по победата над Фулам во натпреварот од 29-тиот круг од првенството на Англија (2:1), рече дека не планира да го напушти клубот.

– Се чувствувам исто како и порано. Сепак сега сум малку посреќен, бидејќи резултатите на тимот се позитивни. Кога сите зборуваа за моето отпуштање, разговарав со претставниците на клубот на тема планирање на следната сезона. Потоа јас секогаш бев опуштен, изјави Сари.

Челзи е на 6. место на табелата, со 56 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 04:52