Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е загрижен поради повредените во неговиот тим пред вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите. Во среда, „црвените ѓаволи“ гостуваат на ПСЖ со негатива од 0:2.

Во амбулантата на Манчестер Јунајтед има девет играчи, а Пол Погба нема да може да земе учество, поради црвениот картон кој го доби во првиот дуел против ПСЖ.

Повредените се Немања Матиќ, Андер Ерера, Џеси Лингард, Хуан Мата, Антони Марсијал, Фил Џонс, Матео Дармијан и Антонио Валенсија, а кон нив се приклучи и Алексис Санчез.

Запрашан дали некој од повредените фудбалери ќе се врати за важниот судир, Солскјер рече: „Не, тоа нема да се случи. Мислам дека не можеме да ризикуваме со Марсијал. Тој уште не тренира, па затоа не мислам дека е подготвен“.

Со оглед на поразот од 0:2 во првиот натпревар, Норвежанецот ќе се концентрира да ги подготви своите ѕвезди за мечот во Арсенал во недела. Натпреварот е на 10 март од 17:30 часот на „Емирати“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 10:03