Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Гери Невил, кој во моментов работи како аналитичар за Скај Спортс, даде интересен совет на Ливерпул.

Според него тимот треба да заборави на Лигата на шампионите, за да ја освои титулата во Премиер лигата.

– Секогаш сум сметал дека Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата, ако имаат слободен календар. Ќе го кажам следново: „изгубете од Баерн“. Може да изгледа лудо, не треба да се излегува со мисла за пораз. Верувам дека на Ливерпул ќе му биде корисно да има слободен календар, прокоментира Британецот.

По 29 круга во Премиер Лигата, Ливерпул е на второто место во пласманот. „Црвените“ имаат 70 поени, 1 помалку од Манчестер Сити.

Првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Баерн заврши без голови. Реваншот е во Минхен е на 13-ти март.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 14:02