Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, во пресрет на вториот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ајакс, даде свое видување за формата на соиграчот Герет Бејл.

– Бејл е во ред, тој изгледа добро на теренот според мене, но можам да го кажам истото за секој Реал играч. Во различни фази на кариера, фудбалерите не играат на исто ниво и ова им се случува на сите. Тоа ми се случи мене минатата сезона. Бејл е среќен и спремен да покаже што може. Играчите на Реал не можат да заборават што направи тој за овој тим. Некои луѓе многу лесно забораваат на такви работи. Тој напорно работи со голема желба, сака да се врати во препознатливата форма и да му помогне на тимот на крајот од сезоната, изјави Модриќ.

Првиот натпревар на Реал против Ајакс од Амстердам заврши со резултат 2:1 во корист на шпанскиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 16:29