Ромелу Лукаку и Пол Погба се во конфликт, објави весникот „Сан“, а причината е кој ќе го изведе пеналот против Саутемптон во саботата.

Белгиецот веќе реализираше двапати кога му беше доделен пенал и сакаше да запише „хет-трик“. Сепак, францускиот играч од средниот ред не му дозволил, бидејќи е прв изведувач и на крајот промаши од белата точка.

Тоа сепак доведе до сериозни тензии меѓу двајцата, а Лукаку го потсетил клубскиот колега, како го поддржувал кога Погба бил во конфликт со претходниот шеф – Жозе Мурињо.

Двајцата се блиски пријатели, но она што се случи ги зголемило сериозно тензиите меѓу нив и дури се наметнало Оле Гунар Солскјер да интервенира за да ја смири ситуацијата.

Освен тоа, Лукаку му рекол на Погба дека ако улогите биле разменети, тој ќе го оставел да шутира, на кое сепак Пол одговорил дека тој е назначен како прв изведувач од тимот, па требал да го исполни.

На крајот, Солскјер се обидел да го намали притисокот, велејќи им да го остават тоа зад себе, бидејќи Јунајтед сепак победи со 3: 2. Норвежанецот го потсетил целиот тим дека наредните натпревари се многуважни и тие не смеат да бидат под влијание на внатрешните проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2019 11:12