Реал Мадрид ќе загуби 45 милиони евра, откако загуби во осминафиналето во Лигата на шампионите. Во вторникот вечер „белите“ беа поразени од Ајакс со 4:1 дома, и иако ја добија првата средба (2:1), елиминацијата беше факт.

Според новите правила на УЕФА, Реал би освоил 45 милиони евра ако го одбранеше трофејот.

При пласман во четвртфинале тимот заработува 10,5 милиони евра, пласман во полуфинале – 12 милиони евра, финале 15 милиони евра и нови 4 милиони евра при успех во последниот натпревар.

Уште 3,5 милиони евра се додаваат за учество во Супер Купот на Европа, кој е обврска на победникот на турнирот во секој случај.

Ова е профит од 45 милиони евра, што 13-кратниот крал на Европа оваа година нема да може да го види во своја сметка.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 19:25