Манчестер јунајтед на неверојатен начин успеа да го елиминира ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Избраниците на Оле Гунар Солсјкер славеа со конечни 1-3 на „Паркот на принцовите“ откако гостите постигнаа трет гол во судиското продолжение и тоа преку пенал, онолку колку што им беше потребно за пласман во следната фаза.
„Светците“ капитулираа иако имаа огромна предност по првиот дуел од 0-2, сепак Јунајтед во свој стил го направи невозможното, иако голема улога одигра и ВАР-технологијата во завршницата.
Иако десеткувани, гостите во Париз дојдоа по изненадување, а по само две минути игра Лукаку постигнал гол со кој „ѓаволите“ во продолжението играа со многу самодоверба. ПСЖ возврати во 12-тата минута преку Бернат, меѓутоа Јунајтед и по израмнувањето не се предаде.
По точно половина час игра, при еден обид на Рашфорд да се закани од далечина, Буфон лошо реагираше и ја испушти топката, која ја собра Лукаку и погоди за 1-2. Првото полувреме најави нови „пеколни“ 45 минути, но за жал но нив не се виде ниту еден гол.
Пресудна беше 91-та минута. Далот шутираше од далеку и го погоди Кимпембе во лакот од десната рака, а Французинот стоеше точно на линија на шестнаесетникот. Судијата Скомина реагираше по сугестија од ВАР-собата, а по проверката досуди пенал во корист на Манчестер, кој го реализираше Рашфорд.