Порто успеа да се врати од негативата од 2-1 по првиот дуел против Рома, па со конечни 3-1 на домашен терен славеше против „римската волчица“. На португалскиот првак му беа потребни дополнителни 30 минути за пласман во четвртфиналето, откако во регуларните 90 резултатот беше израмнет во вкупен учинок со 3-3, а како и на мечот во Париз, ВАР-технологијата одигра голема улога.

Се играше 15-тата минута од продолженијата кога главниот арбитар Чакир одлучи да провери еден сомнителен момент кој се случи во шеснтаесетникот на Рома. Флоренци го повлече за дрес противнички играч во казнената зона, а по долга проверка беше доделен пенал за Порто, кој го реализираше Алекс Телеш.

Во регуларниот дел, Порто поведе преку Соареш во 26-тата минута, а потоа Де Роси израмни од белата точка во 37-та минута. Домаќините одново стигнаа до предност во 52-та минута преку Марега, гол кој одлучи да се играат продолженија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 03:03