Група арапски инвеститори се подготвени да купат околу 30 отсто од акциите на Милан.

Според „Газета Дело Спорт“, актуелниот мнозински акционер на „росонерите“, „Елиот Менаџмент“ го нудел клубот на доверливи инвеститори, кои би биле подготвени за развој на проектот.

Така, во преден план се појавил арапски конзорциум со интерес за гигантот од Милано. Ако договорот стане реалност, „Елиот Менаџмент“ ќе остане мнозински сопственик, но во тимот ќе влезе свеж капитал, кој ќе биде инвестиран во развојот на Милан.

Минатата сезона, кралското семејство на Дубаи имаше интерес за „црвено-црните“, но преговорите со тогашниот сопственик, Јонгхон Лин не завршија успешно.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 12:37