Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку беше категоричен дека привремениот менаџер на тимот Оле Гунар Солскjер ќе ја задржи функцијата и по крајот на сезоната.

Норвежанецот беше назначен привремено за наследник на отпуштeниот во декември Жозе Мурињо, но оттогаш тимот на „црвените ѓаволи“ прави незаборавни нешта.

Врвот беше вчера, кога Јунајтед го отстрани ПСЖ од осминафиналето на Лигата на шампионите, иако поразот со 0:2 во првиот натпревар на „Олд Трафорд“.

– Знам дека Солскјер ќе остане кај нас, нема никакво сомнение во тоа. Тој сака да остане, играчите сакаат тој да остане. Се справуваме навистина добро и играме како треба да игра Манчестер Јунајтед. Тој е млад тренер и располага со млади играчи. Тоа е совршена средина да се развиваш и да освојуваш трофеи, изјави Лукаку.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 20:06