Вчера се одиграа првите натпревари од осминафиналето на Лига Европа.

По терените на Стариот континент беше доста интересно и бевме сведоци на многу голови. Некои од фаворитите речиси си го загарантираа својот пласман понатаму, но имаше и изненадувања.

Рен го доби дуелот на домашен терен против Арсенал со 3:1 и прилично ја искомплицира ситуацијата за „топџиите“ пред реваншот.

Славија Прага ја направи другата сензација, откако одигра нерешено 2:2 при посетата на Севиља.

Во меѓувреме, сепак, Наполи и Челзи дефинитивно беа категорични во своите натпревари и забележаа победи со 3:0. Италијанците се справија со Салцбург, а тимот од Лондон го казнија Динамо.

Двете екипи имаат одлични шанси да продолжат понатаму.

Лига Европа, осминафинале, први натпревари:

Од 18:55 часот:

Ајнтрахт (Франкфурт) – Интер 0:0

Динамо (Загреб) – Бенфика 1:0 1:0 Петковиќ (37)

Севиља – Славија 2:2 1:0 Бен Једер (1) 1:1 Стох (25) 2:1 Мунир (28) 2:2 Крал (3)

Рен – Арсенал 3:1 0:1 Ивоби (4) 1:1 Буриго (42) 2:1 Монреал (65) а.г. 3:1 Сар (88)

Зенит – Виљареал 2:2 0:1 Ибора (33) 1:1 Азмун (35) 1:2 Морено (64) 2:2 Моралес (71)

Oд 21:00 часот:

Челзи – Динамо (Киев) 3:0 1:0 Педро (17) 2:0 Вилиан (65) 3:0 Хадсон-Одој (90)

Наполи – РБ Салцбург 3:0 1:0 Милик (10) 2:0 Руиз (18) 3:0 Онгуене (58) а.г.

Валенсија – Краснодар 2:1 1:0 Родриго (12) 2:0 Родриго (24) 2:1 Клаесон (63).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 09:23