Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака на чело на тимот да се врати Жозе Мурињо, но неговата идеја не наоѓа истомисленици во раководството на шпанскиот гигант, соопштува „АС“. Всушност, Перез е единствениот од одговорните фактори кои сака Португалецот да се врати во „Сантијаго Бернабеу“.

Перез ја изразил својата желба да го врати невработениот Мурињо за време на состанокот со директорите на клубот. Тој смета дека „цврстата рака“ на експертот може да се стави контрола над тимот.

Најмногу отпор давал генералниот директор на Реал, Хозе Анхел Санчез. Според него, Португалецот има нерасчистени работи со лидерите на тимот – Серхио Рамос, Карим Бензема и Марсело.

За време на средбата, на Перез му било советувано да го покани на функцијата германскиот селектор Јоаким Лев, но по одбивањето на Зинедин Зидан да се врати во тимот, претседателот мислел само за Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 10:33