Светската фудбалска федерација (ФИФА) го отфрли барањето на Челзи за замрзнување на забраната за вршење на трансфери, соопштија од раководниот орган.

Англичаните се казнети за нелегални трансфери на играчи до 18-годишна возраст.

– Потврдуваме дека претседателот на Апелациската комисија на ФИФА ја отфрли понудата на Челзи во врска со одлуката на Дисциплинската комисија, соопштија од централата.

Челзи се уште може да го покрене случајот во Спортскиот арбитражен суд.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2019 11:46