Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста да го напушти клубот и да премине во Јувентус, освен ако не биде отпуштен.

Во Италија се проговори дека стратегот е приоритет за „Старата Дама“ да го наследи Масимилијано Алегри и да потпише договор за 4 години.

Но, тој побрза да ги запре шпекулациите.

– Имам договор за уште две години тука и не мислам да си заминам. Освен ако не ме отпуштат. Тогаш ќе одам дома. Ако сепак од Манчестер Сити сакаат да останам, ќе бидам во клубот уште две сезони, а потоа се надевам и за уште една. Нема начин како да преминам во Јувентус во следните две години, изјави Пеп по победата над Ватфорд синоќа со 3:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2019 12:20