Марио Балотели подобри рекорд стар 45 години, откако го постигна победничкиот гол за Олимпик Марсилија во успехот од 1:0 над својот поранешен тим Ница.

На тој начин 28-годишниот италијански напаѓач постигна по еден погодок во првите четири домашни мача за тимот одМарсеј во Лига 1. Ова не е постигнато од играч на клубот од сезоната 1973/74.

Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан се пресели во Марсеј по јануарскиот трансфер прозорец, кога го раскина договорот со Ница.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 11:42