Англискиот шампион Манчестер Сити ќе создаде фонд, од кој да бидат компензирани жртвите на насилство, манифестирано од поранешниот тренер од школата на клубот – Бари Бенел, пишува „Гардијан“ денес.
Бенел во моментов е во затвор, откако отслужува 30-годишна затворска казна за сексуална злоупотреба на деца во школата на „граѓаните“. Предметниот тренер бил во два периоди тренер во Академијата на Манчестер Сити меѓу 1976-та и 1984-та година, пред да се приклучи на една од најпрестижните школи во земјата – Кру Александра.
Се претпоставува дека жртвите ќе добијат шестцифрени суми и писмено извинување како компензација.
Според податоците ,кои се во канцеларијата на Манчестер Сити, околу 40 лица поднелe тужби против Бенел, кој бил затворан за различни периоди четири пати, вклучувајќи и еднаш во САД, каде што исто така има работено за кратко во фудбалска школа.
Манчестер Сити, исто така, ќе понуди паричен надоместок од друг фонд за жртвите на Џон Брум – докажан педофил, кој почина во 2010 година. Брум работел за Сити како учител во областа на талентот и како тренер во училиштето.
Девет лица во моментов споделиле дека биле предмет на сериозно сексуално насилство од страна на овој педофил, вклучувајќи и силување, пишува уште „Гардијан“.