Легендарниот бразилски фудбалер Антонио Вилсон Вијеира Онорио, познат како Кутињо, почина во 75-та година од животот.

Тој почина од последици од воспаление на белите дробови, поради што во јануари беше хоспитализиран.

Кутињо ќе остане запаметен по тоа што со Пеле беа извонреден напаѓачки тандем во познатиот тим Сантос, каде со 368 голови беше најдобар стрелец, после Пеле и Пепе.

Во периодот од 1958 до 1968 година освои две титули Копа Либертадорес, две интерконтинентални купа и шест титули на шампионатот Паулиста.

Тој беше член на Бразил кој во 1962 година ја освои шампионската титула во Чиле, каде сето време го мина со тимот, без оглед на повредата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 14:15