ФИФА ги утврди потенцијалните земји кои можат да бидат домаќини на натпревари од Мундијалот 2022 заедно со Катар, ако турнирот биде проширен до 48 тима.
За дополнителните 16 тима ќе бидат потребни меѓу дополнителни помеѓу 2 и 4 стадиони, освен осумте кои се во Катар.
Светската фудбалска централа разгледува по 3 стадиони во Саудиска Арабија и ОАЕ, два во Кувајт и по еден во Оман и Бахреин. Компликациите доаѓаат од затегнатите односи на земјите од Персискиот залив со Катар.
ФИФА побара од Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин да ги симнат санкциите кон Катар и да ги обноват дипломатските односи, ако сакаат да земат натпревари од турнирот.
Оман и Кувајт се најпосакувана опција, бидејќи тие имаат неутрални односи со Катар.