Раководството на Манчестер Јунајтед активира опција во договорот на Андреас Переира, што овозможува клубот да го продолжи договорот со уште 12 месеци, објави Скај Спортс.

Переира, кој помина минатата сезона на позајмица во шпанска Валенсија, забележа осум натпревари под водство на Оле Гунар Солскјаер во кои постигна еден гол – при пресвртот од 3:2 против Саутемптон на „Олд Трафорд”.

Переира (23) ја искористи кризата со повредите кај „црвените ѓаволи” и одигра добри натпревари во последно време. Тој дебитираше за Јунајтед под водство на Луис ван Гал во сезоната 2014-15 и оттогаш има 27 натпревари и два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 16:07