Ако Мундијалот во 2022 година сепак биде проширен до 48 репрезентации, Оман и Кувајт, исто така, ќе мора да прифатат натпревари од Светското првенство заедно со домаќинот -Катар. За дополнителните 16 репрезентации ќе бидат потребни дополнителни 2 до 4 стадиони, освен осумте што се во Катар.

Светската фудбалска федерација разгледува по три стадиони во Саудиска Арабија и ОАЕ, два во Кувајт и еден во Оман и Бахреин. Компликациите доаѓаат поради тензичните односи на земјите од Заливот со Катар.

ФИФА побара Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да ги укинат санкциите кон Катар и повторно да воспостават дипломатски односи доколку сакаат да учествуваат на турнирот. Оман и Кувајт се најпосакувани опции, бидејќи се во неутрални односи со Катар.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 16:58