Фудбалерите на Арсенал ќе имаат помош од напаѓачот Алекс Лаказет во Лигата на Европа против француски Рен.

Лаказет доби суспензија од три натпревари во првиот натпревар од нокаут фазата во натпреварот против Бате Борисов, кога доби црвен картон. Арсенал се пожали, а Дисциплинскиот комитет на УЕФА одлучи да му „прости” на Лаказет. Со таа одлука, Французинот ќе може да игра во реваншот против Рен.

Алекс Лаказет е еден од клучните играчи на Арсенал оваа сезона – постигна 14 голови и асистираше 11 пати во 37 натпревари.

Арсенал во првиот натпревар во Франција загуби од Рен со 3-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 18:31