Дисциплинската комисија на Италија го казни тренерот на Милан, Џенаро Гатузо со парична казна од 15,000 евра.

Гатузо за време на натпреварот со Киево беше испратен на трибините поради вербален испад против играчот на Киево, Рикардо Меџорини.

Со паричната казна, Гатузо ќе може да биде на клупата на Милан на дербито со Интер в недела.

Дисциплинската комисија на ФС на Италја се одлучи на парична казна откако фудбалерот на Киево изјави дека Гатузо не го навредувал. Милан е на третата позиција и сега има бод повеќе од четвртопласираниот Интер. Натпреварот со Интер е со почеток во 20.30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 19:23