Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо одигра уште еден голем натпревар во Лигата на Шампионите.

Португалецот го изведе својот тим до голем пресврт против Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите, постигнувајќи ги и трите погодоци за успехот со 3:0 во реваншот.

По мечот тој изјави дека неговиот тим покажал вистински шампионски менталитет.

– Тоа мораше да биде посебна ноќ, и точно тоа се случи. Не само поради головите кои ги забележав, но и поради претставувањето на целиот тим и неговиот одличен дух. Токму таков менталитет е потребен во Лигата на шампионите. Ние сме на вистинскиот пат. Јувентус ме привлече да помогнам во такви магични ноќи. Атлетико е многу тврд ривал, но ние исто така сме силни и покажавме дека повеќе заслужуваме да продолжиме понатаму. Уште е рано да се зборува за финалето. Ајде да одиме чекор по чекор, рече Роналдо по мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 10:43