Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне едвај го проголта поразот од 0:3 во Торино од Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Овој пораз ги исфрли „јорганџиите“ од турнирот, а напред продолжува „Старата дама“.

Стратегот рече дека неговите играчи не играле лошо во овој натпревар, но ривалот бил едноставно подобриот тим на теренот.

– Јувентус играше подобро. Имавме една шанса по удар со глава на Мората, но ништо повеќе. Јуве не престана да нѐ притиска и да го напаѓа нашиот шеснаесетник, па мораше да се браниме. Му честитам на ривалот, затоа што многу добро напаѓаше. Тие беа подобра екипа и заслужено победија. Точно е дека направивме и некои грешки, но тие беа подобри во тактички план и при освојувањето на вторите топки, призна Симеоне.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 10:46