Претседателот на Барселона – Хосеп Мариа Бартомеу признава дека во редовите на каталонскиот гигант веќе се подготвуваат за живот без својата жива легенда – Лионел Меси.

-Ние не можеме вечно да сметаме на Лео. Знам дека еден ден тој ќе престане да игра. Очекувам тоа да биде за 4-5 години и сакам да го подготвам клубот за иднината по Меси, вели тој.

-Начинот да се подготвуваме за периодот по Меси, е ангажирње млади таленти – Дембеле, Кутињо… Треба да продолжиме да ја следиме таа линија на совршенство и успеси.

-Мојот мандат завршува по две години и сакам Барселона да е подготвена за иднината, за да има уште повеќе навивачи, уште повеќе приходи и уште повеќе проекти, додаде шефот на Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 19:04