Раководството на Манчестер Сити го продолжи договорот со Бернардо Силва до летото 2025 година.

Португалецот пристигна на Етихад во 2017 година и брзо стана неизоставен дел на “граѓаните”.

-Чест ми е што го обновив договорот, а Манчестер Сити нуди се што му треба на еден фудбалер. Веднаш донесов одлука кога дознав дека сакаат да ме задржат во клубот, рече Силва откако договорот беше официјално објавен.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 03:16