Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач го прокоментира поразот на тимот со 1:3 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Треба да им честитам на Јирген Клоп и Ливерпул. Тие беа подобриот тим и во двата натпревари. Се обидовме да играме добро, се обидов да ги користам крајните дефанзивци, кои требаа да го бараат Левандовски со смирени топки, но работите не излегоа, бидејќи Ливерпул делуваше многу организирано и усложнуваше нашата задача“, вели Ковач.

Тој додаде дека отсуството на Џошуа Кимих не треба да биде оправдување за високиот пораз.

– Треба да ги коментираме фудбалерите кои играа вечерва, тие дадоа се од себе, но тоа беше недоволно, заврши Хрватот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 09:49