Тренерот на Барселона Ернесто Валверде имаше шанси за радост по својата убедлива победа со 5:1 над Лион и пласманот на тимот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Тренерот рече дека е задоволен од перформансите на неговите играчи и се надева дека неговиот тим ќе стигне до крајот на овој турнир

– Секој ме прашува за последните 20 минути, но очигледно заборавате дека ние одигравме многу силно прво полувреме, во кое спокојно можеше да водиме и поубедливо. Важно е да се напомене дека тимот се опорави откако дозволи гол и брзо го врати водството. Овој турнир е тежок и секој може да ви го направи животот покомплициран. Но, добро игравме во двата меча и едноставно бевме поефикасни во офанзивата. Имаме сериозни амбиции во Лигата на шампионите. Денес направивме важен чекор, но така е веројатно и за тренерите на другите тимови кои стигнаа до четвртфиналето. Ние сфаќаме сериозно сé што е пред нас, но сакаме да го изодиме целиот пат, рече Валверде помечот.

Тренерот не штедеше пофалби и за ѕвездата на тимот Лионел Меси, кој одигра брилијантен натпревар, постигна два гола и асистираше за уште два.

– Бевме сведоци на уште еден неверојатен натпревар од Лео во секој поглед – голови, пасови, асистенции, одземање на топката … Иако сме навикнати на него, тој продолжува да наоѓа начин да не восхитува. Веројатно е одлично, дека Роналдо постигна три гола против Атлетико Мадрид, но Лео исто беше неверојатен вечерва, додаде тренерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 09:50