Синоќа станаа познати сите осум тимови што се рангираа за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Англиските тимови доминираат во оваа фаза од турнирот. Четири тимови од Премиер лигата се квалификуваа во последните осум – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.

Останатите кои ќе влезат во финалната битка за трофејот се Барселона, Ајакс, Порто и Јувентус.

За првпат од 2009 година, четири англиски тимови учествуваат во ждребот за четвртфиналето на турнирот на богатите.

За првпат од 2006 година пак во најдобрите осум на Стариот континент, Германија нема претставник во оваа фаза од турнирот.

Ждребот за четвртфиналето на турнирот ќе се одржи утре,15март во 12:00 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2019 09:52